петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

44 санкции за брзо возење на територија на СВР Велес

44 санкции за брзо возење на територија на СВР Велес

Во текот на вчерашниот ден (29.06.2022) на територијата на СВР Велес спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 44 возачи.

Од нив пет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

-Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.