недела, 3. март 2024. Вести денес: 0
home Општини

55 санкции за пребрзо возење на подрачјето на СВР Велес

55 санкции за пребрзо возење на подрачјето на СВР Велес

На 10.06.2022 во периодот од 08.00 до 20.00 часот на територијата на СВР Велес спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 55 возачи.

Од нив две возила се движеле со брзина над 70 километри на час повеќе од дозволеното. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

-Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информира МВР.