четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

56 санкции за брзо возење на територија на СВР Битола

56 санкции за брзо возење на територија на СВР Битола

Во текот на вчерашниот ден (15.01.2023) на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што биле санкционирани 56 возачи.

Од нив 39 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 17 возачи надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. Акциските сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

-Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информира МВР.