петок, 19. јануари 2024. Вести денес: 0
home Општини

63 возачи возеле пребрзо на подрачјето на СВР Тетово

63 возачи возеле пребрзо на подрачјето на СВР Тетово

На подрачјето на СВР Тетово, вчера во период од 14 до 20 часот,  спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната

Како што информира портпаролот Марјан Јосифоски, санкционирани се 63 возачи, од кои 39 на територија на Тетово, а 24 на територија на Гостивар.

-52 возачи возеле со брзина од над 50 километри на час над пропишаната, а осум за дури над 70 километри на час над дозволената. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Повторнио, уште еднаш апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и со тоа да придонесат да се зголеми безбедноста во сообраќајот, вели Јосифоски.