Кога имаш мотив и храброст, ништо не е невозможно. Радовиш заслужува големи работи. На градот му се потребни нова енергија и свежи идеи. Со посветеност, упорност, планирање и реализација се создаваат успешни приказни.Радовиш ќе биде успешна приказна, истакнува кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Радовиш, Ацо Ристов.
-Во животот не се постигнуваат само оние цели кои претходно не се поставени. Нашата цел е: развиен, напреден, добро уреден, посакуван и убав Радовиш. Jа имаме целта и го знаме патот до неа. Свесен сум за важноста и можностите од заедничката и тимска работа во која вредат сите – многу повеќе од мене самиот. Свесни сме за препреките кои ќе ги имаме, но ќе бидеме одлучни за целта која е поставена пред нас и ќе бараме поддршка за заедничко постигнување на истата. Имаме план за големи проекти кои ќе донесат нови вработувања и повисоки плати, вели Ацо Ристов.