петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Академија- 75 години од стрелањето на 12.младинци во Ваташа: Митко Јанчев- Длабок наклон полн со почит кон минатото

Свечена академија по повод 75 годишнината од стрелањето на 12-те младинци во село Ваташа.
Академија- 75 години од стрелањето на 12.младинци во Ваташа: Митко Јанчев- Длабок наклон полн со почит кон минатото

Вo реконструираната сала на Спомен домот на културата во селото Ваташа, денеска беше одржана Свечена академија посветена на стреланите 12- младинци: Перо Видев, Герасим Матаков, Блаже Ицев, Данко Дафков, Илчо Димов, Пане Мешков, Пане Џунов, Ристо Ѓондев, Ванчо Гурев, Диме Чекоров, Ферчо Поп Ѓорѓев и Васо Хаџијорданов.

Академијата ја следеа жители на селото, роднини на стреланите младинци, членови на Градскиот совет на Кавадарци, пратеникот Панчо Минов, граѓани на Кавадарци, преживеани борци од НОВ.

Ова свеченост беше скромна и достојна на историската димензија која ја има настанот заради кој таа се одржа.Потсети на стрелањето на 12-млади од село Ваташа од страна на Бугарските фашисти пред 75 години.

Градоначалникот на Општина Кавадарци Митко Јанчев чие обраќање беше впечатливо на почетокот нагласи дека сме горди на нашето минато, во кое сплотеноста луѓето ги праволо силни и им давало мотив за да продолжат понатаму. Тој рече дека: „Масакрот остана забележан како еден од најголемоите злосторства на фашистите во Втората светска војна и додаде: Со длабок наклон полн со почит стоиме пред ова минато, пред историјата која е испишана, историја поради која сме денес тука.

Говорејќи за младите во ова современо општество, Јанчев рече:

-Денешните генерации треба со силна желба да ги прифатат сите доблести на 12-те младинци, нивната храброст, безусловна љубов кон родното место, нивната решителност и сила да се борат во тешки услови. Денешните генерации од нашата историја треба да учат од 12-те младинци за силата на љубовта и почитрувањето за силата на другарството.

Во програмата која беше изведена настапија: Слободанка Танева-солист–која ја донесе и Македонската химна, „ Ад Либитрум трио“  кое со сочинуваат Силвана Чулева, Емилија Кабранова-Филипова и Лазар Соколов. Актерот Александар Малинков  изведе поетски перферманс во кој е опишан  чинот, смртта и тагата по 12-те младинци. Во исто време на сцената се појавија 12 деца на хорот на Основното училиште „Димката А. Габерот“ од село Ваташа кои изведоа македонска патриотска песна.

Утре, 16-ти јуни во 10.30 часот на на споменикот во Моклиште ќе бидат положени свежи цвеќиња и ќе биде изведена пригодна културна програма.