Продолжува изградбата на улиците во Градашорци и Василево.
Тековно се гради на две локации во населеното место Василево и тоа улицата која води покрај каналот, чија должина е 420 метри и истата започнува од спојот со постоечка улица во центарот на Василево, и завршува јужно од Василево, кај индустриската зона кон Добрејци и Струмица.
Другата улица во изградба во Василево е улицата од црквата Пресвета Богородица до ООУ „Гоце Делчев“ односно спојот со главната улица кај училиштето црквата во должина од 720 метри.
Во населеното место Градашорци, пак се гради улицата која води од Домот на културата кон индустриската зона во должина од 432 метри, објави на социјалната мрежа на Фејсбук Славе Андонов, градоначалник на општина Василево.