Асфалтирани се близу две илјади квадратни метри на улицата ,,Индустриска” во Кавадарци, информираа од Кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.
– Денеска заврши асфалтирањето на дел од улицата ,,Индустриска”, од ,,Жито југ” до хотелот ,,Елит”. На овој дел комплетно беше изваден стариот и заменет со нов асфалт. Се работи за површина од 1.900 метри квадратни, појаснија од кабинетот на градоначалникот.
Оттаму соопштија дека изведувач на работите е ,,БИТЕМ” од Скопје.