петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Асвалтирање на седум улици во битолско Оптичари

Асвалтирање на седум улици во битолско Оптичари

АСФАЛТИРАЊЕ НА СЕДУМ УЛИЦИ ВО СЕЛО ОПТИЧАРИ

Проектот за изградба на коловоз на седум улици во село Оптичари, влегува во завршна фаза. Согласно склучениот договор на Општина Битола со изведувачот на активностите „ЗИМАК“ ДООЕЛ Битола, денес започна асфалтирањето на новата патна мрежа во должина од 1090 метри. Вкупната вредност на инвестицијата од општинскиот буџет изнесува 5.238.208 денари.

Жителите на селото Оптичари, му се заблагодарија на градоначалникот Тони Коњановски, за неговата посветеност во работењето, посебно за подобрувањето на инфраструктурните услови во руралните места, со што конечно се решаваат и долгогодишните проблеми на населението од селата кои гравитираат кон општина Битола.