Сакам да ве известам имајќи предвид дека локалната власт, гледа дека ја губи власта, почнаа да се занимаваат со црна кампања. Вие и самите знаете дека ние и во текот на целокупното водење на кампањата немавме користено такви работи, и нема ни да користиме, истакна Димче Атанасовски, кандидат за градоначалник на општина Македонска Каменица.
„Иако денес е последен ден од кампањата, сакам да им порачам на сите мои сограѓани дека локалната власт ја губи власта, очигледно е дека се плашат од сето тоа што ќе се случува после, а тоа е дека ќе одговараат за сите нивни криминали.
Сакам сите да ве охрабрам, да излезете масовно на 31-ви и да го дадете гласот за бројот 7. Да не им се плашите ниту на уцените, ниту да потклекнувате на поткуп“ – порача тој.