Започнавме со изградба на нови и проширување на постоечките паркинг простори, но и со партерно уредување на повеќе локации во Македонска Каменица, посочи градоначалникот Димчо Атанасовски.
„Градот ќе има доволно паркинг простори со што ќе се подобри проодноста по градските улици.
Воедно упатуваме апел до граѓаните хаварисаните возила да ги дислоцираат, а доколку не го сторат тоа, по 01.05.2022 година Општина Македонска Каменица и ЈП Камена Река ќе пристапат кон дислоцирање на трошок на сопствениците.
Продолжуваме посветено“ – истакна тој.