сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Без проблеми започна гласањето во Росоман и во Демир Капија

Без проблеми започна гласањето во Росоман и во Демир Капија

Без проблеми започна гласањето во вториот круг од локалните избори во Росоман и во Демир Капија, потврдија за МИА претседателите на Општинските изборни комисии, Ѓорѓи Крстевски и Благој Јовановски.

Се избира меѓу двајца кандидати за градоначалник.

Во Росоман право на глас имаат 3.341 лице, а се гласа на десет избирачки места.

Во Демир Капија бројот на лица со право на глас при избори е 3.163, а се гласа на 11 избирачки места.
Сите избирачки места се отворени на време и гласањето е започнато без проблеми. Засега нема проблеми.