Општина Битола веќе два дена е на мета на критика и мајтапење од целата земја, по направениот срамен гаф со новогодишното украсување на градот.
Откако тие експресно го изгаснаа новогодишниот декор „ЗДРАВјЕ“ вчера се појави нова фотографија од декорот кој го краси центарот на градот.
Станува збор за имитација на новогодишна елка, која е срамна за гледање, коментираат граѓаните на социјалните мрежи.
Тие додаваат дека ова е доказ за што биле дадени милионските тендери на градоначалничката и општината, наместо парите да се пренасочат за болните од КОВИД-19.