На територијата на СВР Битола денеска е спроведена засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 101 возачи.
Од нив 69 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 32 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, соопшти МВР.