Денеска (25.04.2023) во периодот од 13.00 до 19.00 часот на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 117 возачи.
Од нив, 82 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 35 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
Акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.