Александар Богданоски, кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Крвогаштани, во неговото гостување во Радио Пела запрашан кои се неговите лични ставови и во што верува тој одговори:
– Верувам во Бог. Јас сум христијанин, политички сум умерен десничар, малку повеќе умерен десничар. Но, најбитно е да веруваме во хуманоста, човечноста и чесноста. Во политиката знаеме дека има доста неубави работи, многу често политичарите се пуштаат во криминал и корупција. Јас верувам дека е време да се сменат тие работи, да дојдат нови генерации луѓе, сега нашата генерација на која што јас припаѓам, а имам 37 години. Нашата генерација полека веќе доаѓа на сила, сметам дека е време нашата генерација да ги смени работите. Претходните генерации се обидуваа со разни проблеми, се соочувавме со големи кризи и се уште се соочуваме со тоа. 30 години неќни славевме, ние како држава се уште се клатиме. Јас мислам дека е време да ги смениме работите.