четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Божинов: Нема да дозволиме повеќе диви депонии да никнуваат во Ново Село

Божинов: Нема да дозволиме повеќе диви депонии да никнуваат во Ново Село

Успеавме да победиме во првиот круг и да докажеме дека Општина Ново Село заслужува да биде позната по тоа што најмногу и доликува.Чисти планини, чиста вода, чисти села и котлина. Ново Село започна да го дише воздухот на победата. Воздухот кој никогаш нема да дозволиме да биде уништен од диви депонии кои никнуваат насекаде и несовесни времени или трајни загадувачи. Затоа, ова прилика ја користам да ве поканам да го зајакнеме волонтерскиот дух и темелно да ја исчистиме нашата општина на самиот почеток од мојот мандат. Јас самиот  ќе ја предводам нашата акција, истакнува Ѓорѓе Божинов, кандидат за градоначалник на општина Ново Село.

-Почитувани сограѓани, Македонија избра да чекори по патот на слободата. Немаме време за губење, бидејќи нас не чека многу работа. Проектите поради кои остварив победа во првиот круг треба да се реализираат веднаш. Ние, граѓаните нема да се предадеме така лесно. Затоа што ќе излеземе и на 31-ви октомври ќе го потврдиме она за кое мечтаеме. Од први ноември, општината Ново Село мора темелно да се исчисти! Ве молам да разберете дека правото на глас е скапоцен дар на демократијата, истакна тој.

Божинов потенцира дека ќе им помогне на сите сограѓани.

-Ќе победиме заедно и ќе работиме за веќе – никој да не биде  зависен. На сите сограѓани да им помогнеме. Никој не знае за кого гласаш. Лебот е живот, а гласот е слобода. Изберете слободен леб, порача тој.