петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Божиновски: Георгиески сака да изврши предизборен поткуп со предложениот ребаланс на буџетот

Божиновски: Георгиески сака да изврши предизборен поткуп со предложениот ребаланс на буџетот

Георгиески сака да изврши предизборен поткуп со предложениот ребаланс на буџетот на 62 седница на Советот на општина Охрид, кој не е во функција на потребите на граѓаните, туку на потребите на изборите кои следат, обвинува Перчо Божиновски, шеф на центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.

-Зголемените приходи кои се предвидуваат треба да се резултат на зголемени даночни приходи, продажба на неизградено земјиште во сопственост на Република Македонија и зголемени приходи од глоби. Не се резултат на капитални трансфери од други нивоа на власт, напротив, тие се намалени од 65 милиони денари на 20 милиони денари. За што ќе ги искористи Георгиески дополнителните средства за спорт и невладини организации? Од една страна огромни милионски суми, а од друга страна за поддршка на локален економски развој развој 800 илјади денари се намалуваат на 500 илјади денари, вели тој.

Божиновски истакнува:

„Нема пари за стопанството, за угостителско-туристичкиот сектор, за занаетчиите, за помош на невработените, но има пари за трансфери кои се единствено предизборен поткуп кој ќе се плаќа повторно од граѓаните.

Охриѓани ваквите неправди ги гледаат и затоа на локалните избори ќе им испорачаат пораз на СДСМ и Георгиески“.