недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Целосна реконструкција на улицата „Широка А“ во Могила

Целосна реконструкција на улицата „Широка А“ во Могила

Во текот на работниот ден направив увид во градежните активности на улица Широка А во населено место Могила во вкупна вредност од 16.143.480 денари, целосно финансиран со средства од Буџетот на општина Могила, објави на својата Фејсбук страница градоначалникот на општина Могила Драганчо Саботковски.

Улица Широка А е главната артерија на сообраќајната мрежа во Могила. Реконструкцијата опфаќа комплетна изработка на коловозната конструкција, изградба на тротоари од двете страни на улицата за безбедно движење на пешаците и атмосферска канализација. Во самата изведба предвиден е кружен тек на сообраќај заради забавување на брзината на движење на возилата и безбедно регулирање на останатиот сообраќај.

Во моментот се работи на изведба на градежни работи над атмосферска канализација која ќе ги собира атмосферските води и со препумпна станица ќе ги одведува до реципиент.

Изведувач на работите е ЖИКОЛ ДООЕЛ Струмица, подизведувач ДОО Изофас Прилеп, пишува во својата објава Саботковски.