четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Целосно се реконструираат улиците „Пионерска“ и „Илинденска“ во Кавадарци

Целосно се реконструираат улиците „Пионерска“ и „Илинденска“ во Кавадарци

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев на својот Фејсбук профил соопшти дека во тек е целосна реконструкција на улицата „Пионерска“ во должина од 440 метри.

-Деновиве на една од најпрометните улици во градот улицата ,,Пионерска”, се изведени сите потребни работи за замена на дотраениот асфалт, до подготовка за замена на целокупниот носечки тампонски слој и ново асфалтирање на улицата. Истата е во должина од 440м и површина од 3300м2. Прво ќе се постави носив слој од 8см БНС 22 и завршен слој АБ 11, со дебелина од 5см. Оваа реконструкција е во рамките на ,,Проектот за поврзување на локални патишта’. Средствата се доделени од Владата на Република Македонија преку заемот на Светска банка, а ќе се реализира од страна на Министерството за транспорт и врски, со цел подобрување на локалната патна инфраструктура. Во овој проект се улиците ,,Пионерска’’ и ,,Илинденска’’. Вкупната инвестиција чини 3.500.000 денари, а изведувач на работите е фирмата Гранит, напиша Јанчев на Фејсбук.