За потребите на жителите на Лескоец и Косел, за спортските клубови и за здравиот развој на младите гарантираме изградба на спортска сала во рамките на ОУ „Ванчо Николески” и реконструкција на подрачното училиште во Косел, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна Благородна Чулческа од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.
-Изградбата на атмосферска канализација е од витално значење, бидејќи овозможува собирање и одведување на атмосферските води, заштита на јавното здравје (епидемии од загадена вода), но и за нормалниот пешачки, автомобилски и секаков друг вид урбан сообраќај. Се обврзуваме да изградиме тука, во Лескоец атмосферска канализација и изградба на канализациона мрежа. Асфалтирањето и одржувањето на главни и споредни улици има да биде наша континуирана задача, бидејќи имиџот на градот ни е најважен. Во периодот што следува наш приоритет е асфалтирање на улиците во Лескоец и Косел, вели Чулческа.
Таа додава заокружи 7 за Промени, Проекти, Победи! 7 за Д-р Кирил Пецаков и ново советничко мнозинство од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“!