Дали во Охрид никнува нова дивоградба?
Граѓани до редакцијата на ОХРИД 24 доставија фотографии на кои се гледа како кровот на една зграда станува спрат.
-Според граѓаните кои ни ги испратија фотографиите станува збор за зграда во близина на градскиот пазар.
Додаваат дека најчесто се работи во сабота и недала кога инспекциските служби не работат.
Бидејќи е викенд одговор на прашањето дали никнува спрат дивоградба ќе добиеме дури во понеделник.
Колку за потсетување поради состојбата со дивоградбите, загрозено е членството на Охрид во УНЕСКО- пишува порталот.