На гласачкото место 0543 во Дебар, каде се прегласува и за градоначалник и за советници, до 17 часот излезноста е 64,35 отсто.
– До 17 часот првото на глас го искористија 500 граѓани или 64,36 отсто од вкупно запишаните во избирачкиот список. Излезноста споредено со првиот круг, 17 октомври, е поголема од 19 отсто или гласале 147 граѓани повеќе. Изборниот тек минува без проблеми и очекуваме така да биде се до 19 часот кога се затвора гласачкото место, вели Рилинг Хаса, претседател на Општинската изборна комисија.
На ова гласачко место во Единствениот избрачки список запишани се 777 граѓани, а во првиот круг правото го искористија 484 или 62,29 отсто.