среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Димитриевски: Јавно го прашувам Спасовски која е причината за толкава раздвиженост на полициски возила кон Куманово на неколку часа пред изборниот молк?

Димитриевски: Јавно го прашувам Спасовски која е причината за толкава раздвиженост на полициски возила кон Куманово на неколку часа пред изборниот молк?

Независниот кандидат за градоначалник Максим Димитриевски јавно го прашува министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, која е причината за толкава раздвиженост на полициски возила кон Куманово на неколку часа пред изборниот молк.

„Дали повторно ќе инволвирате дел од непрофесионалните од МВР во изборниот процес? Дали повторно следниве два дена како и предходно луѓе вработени од ваша страна во 6-та управа и ваше лично обезбедување ќе бидат главните организатори и агитатори во изборниот процес за Илиевски и најгрубо ќе го кршат законот“, прашува Димитриевски.