До 13 часот во вториот круг од Локалните избори во Охрид гласале 16 028 граѓани, односно 30.57% информираат од ОИК Охрид. Во првиот круг, пак, од Локалните избори до 13 часот гласале 12 509 граѓани односно излезноста била 23,86 %.
Во Дебрца во вториот круг до 13 часот гласале 30%, односно 1347 гласачи информираат од ОИК Дебрца, додека споредбено со првиот круг кога гласале 1289 гласачи односно 29,65%.
Во општина Струга излезноста до 13 часот е 18,70%, односно правото на глас го оствариле досега 11 479 граѓани, додека во Вевчани до 13 часот гласале 52,46% односно 1 088 гласачи.