среда, 17. јануари 2024. Вести денес: 0
home Општини

До девет часот во Дебар гласале 196 , во Центар Жупа 148 лица

До девет часот во Дебар гласале 196 , во Центар Жупа 148 лица

Во општина Дебар до девет часот правото на глас го оствариле 196 лица, од вкупно запишани 18.318  или 1,1 отсто.

Според Елмира Бакали, претседателка на општинската изборна комисија, гласањето во сите 27 избирачки места се одвива без проблеми.

Без проблеми се одвива и гласањето во 16-те избирачки места во општина Центар Жупа.

Во оваа општина, според претседателот на ОИК, Еран Зубер во единствениот избирачки список запишани се 6.686 лица со право глас. До девет часот гласале 148 лица или 2,2 отсто од вкупниот број гласачи.

Претседателите на изборните комисии во двете општини, оценуваат дека малата излезност е вообичаена за утринските часови. Тие очекуваат поголема излезност подоцна, посебно во попладневните часови.