Претседателот на ССМ, Дарко Димовски денеска се сретна со градоначалникот на Општина Кавадарци Митко Јанчев на која на барање на синдикатите било договорено зголемување на платите на сите вработени во општината и јавните комунални претпријатија во општината за 2806 денари во нето износ.
На средбата присуствуваа и Секретарот на Синдикатот на УПОЗ, Бојан Трипуноски, како и претседателите на СГИП и СИЕР, Иван Пешевски и Игор Ѓерасов.
-Јанчев и Димовски се согласија дека за да се исполни ова ќе бидат формирани нови синдикални организации како во Општина Кавадарци каде што ќе се склучи колективен договор со УПОЗ така и спогодби во Јавните претпријатија со Синдикатот СУТКОЗ. Претседателот на ССМ Димовски и секретарот на УПОЗ Трипуноски изразија задоволство од постигнатите решенија и од пристапот на градоначалникот Јанчев со што докажува дека е општествено одговорна општина која се залага за унапредување на работничките права, соопштуваат од Сојузот на синдикати на Македонија.
Со постигнатата согласност, а со потишување на нов Колективен договор за вработените во Општина Кавадарци и спогодбите во Јавните претпријатија ЈП Комуналец, ЈП за јавни паркиралишта Паркинг и спортска сала Јасмин ќе се зголемат платите за 2806 денари.
-Примерот на Општина Кавадарци и градоначалникот Митко Јанчев кои се пример на другите полиња, станува најдобриот пример за почитување на работнички права кој треба да го следат и останатите општини, со оглед на фактот што се обезбеди ова право на работниците по пат на социјален дијалог, а работниците ќе ги уживаат правата за зголемување и усогласување на нивните плати согласно порастот на минималната плата за 2806 денари, велат од ССМ.