Денес и утре екипи на ЈЗУ Центар за јавно здравје ќе ја спроведат втората фаза од теристичката дезинсекција со цел уништување на комарците.
Запрашувањето ќе се врши во периодот од 21 до 4 часот, со апаратура за УЛВ ладно запрашување поставена на пикап-возило.
Од ЈЗУ Центар за јавно здравје-Битола соопштуваат дека активностите ќе се изведуваат во вечерните часови, а на возилото со апаратурата за дезинсекција ќе му предходи друго возило означено со ротационо светло.
-Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во општината Битола, подрачјата по течението на реките и водотоците, застојни води и подрачјата околу каналниот систем на територијата на општината Демир Хисар, урбани населби и локалитети предвидени во планот и програмата, посочуваат од ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола.