Од 84.454 граѓани со право на глас во Општина Тетово до 17 часот 33,72 отсто го оствариле своето гласачко право што претставува најголем одѕив од сите шест тетовски општини. Општина Јегуновце со 32 отсто има сличен процент на излезност, додека останатите општини бележат под 30 проценти на граѓани кои гласале.
Општина Теарце има одѕив од 29,70 отсто, додека Брвеница има 28,61 процентна излезност на граѓаните на вонредните парламентарни избори.
Боговиње и Желино се општините со најмалку граѓани кои досега гласале. Во Боговиње има 27,55 отсто излезност, додека во Желино одѕивот на гласачи е 23,13 проценти. (МИА)