По што штипјани ќе ги паметат Бочварски и Николов? По тоа што Штип не доби ниту една капитална инвестиција, реагира Игор Ефтимов од ВМРО-ДПМНЕ Штип.
„По тоа што од инфраструктура се изградија две приватни згради во централното градско подрачје.
По тоа што не се направи ниту една нова улица, но се прошири само таа која е насочена кон зградите на семејството Бочварски.
По тоа што, единствено со што ќе се фалат е ова место на кое изникнаа две градби, од интерес на едно познато штипско семејство“, посочи тој.