четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Еколошка акција за собирање пластичен отпад во Велес

Еколошка акција за собирање пластичен отпад во Велес

Еко-акции за собирање на ПЕТ амбалажа организира денеска еколошкото друштво „Вила Зора“ од Велес во соработка со Институтот за комуникациски студии, во рамки на кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“, информираат од еколошкото друштво.

Активисти на „Вила Зора“ ќе ги чистат деловите на градот каде има поставено контејнери наменети за ПЕТ амбалажа и ќе делат платнени торби за собирање пластични шишиња на граѓаните.

Акцијата, како што наведуваат во соопштението, има еколошка и едукативна цел. Рециклираната ПЕТ пластика се користи како суровина за правење шишиња и садови за пакување, а може да се конвертира во влакна, ткаенини, хартија за пакување, дури и за производство на автомоблиски делови. Со рециклирањето се намалуваат количините на пластика на депониите, емитувањето на стакленички гасови и загадувањето на почвата, подземните води и загадувањето на воздухот.

Кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“ е финансирана од Британската амбасада во Скопје, се наведува во соопштението од „Вила Зора“.