Општина Велес и ЈКП„Дервен“ есенски го разубавуваат Велес со разни видови зимзелени и листопадни дрвца и сезонско цвеќе.
Од ЈКП„Дервен информираат дека се поставени 13 жардињери со различни видови на зимзелени и листопадни растенија и сезонско цвеќе кај зградата на Македонски пошти, девет жардињери со љубичици кај кружниот тек „Авона“ и 11 жардињери пред Гимназијата „Кочо Рацин“ со хризантема и љубичици.
Обновени се со сезонско цвеќе жардињерите на кривината кон Градската болница, кај фонтаната на кружниот тек „Авона“, на влезот на Младински парк кај црквата „Св Кирил и Методиј“, долж паркингот во центарот на градот и на ул. „Димитар Влахов“.
Воедно разубавувањето на градот со разни садници ќе продолжи и во наредните денови, информираат од ЈКП „Дервен“.
Од Општина Велес и ЈКП „Дервен“ апелираат до сите граѓани да не ги уништуваат новите дрвца и сезонско цвеќе, кои придонесуваа за поубав град и поздрава животна средина, и се убава глетка за сите посетители и туристи на Велес.