сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Евроамбасадорот Дејвид Гир во посета на Кавадарци

Евроамбасадорот Дејвид Гир во посета на Кавадарци

Новиот граничен премин Пулевац на македонско-грчката граница бил во фокусот на разговорите помеѓу евроамбасадорот Дејвид Гир и кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, на денешната средба во Кавадарци. Јанчев информираше дека меѓу другото било разговарано за функционирањето на локалната самоуправа. Тој потсети дека ЕУ е голем поддржувач на општината. Но, се разговарало и за Преспанскиот договор и претпристапните преговори и фондови на ЕУ.

Евроамбасадорот Дејвид Гир денеска беше во посета на Кавадарци. Тој се сретна со градоначалникот Митко Јанчев, со советниците во Советот на општината, со претставници на невладините организации, а беше гостин и во Вински музеј. Во изјава за медиумите, тој изрази задоволство од доаѓањето во Кавадарци. Гир информираше дека посетата има три цели и се осврна на секоја од нив. Да се искаже пријателството што ЕУ го има кон оваа општина, за која, како што нагласи, има обезбедено финансиска поддршка за многу проекти. Во сферата на земјоделство, образование, здравство, прекугранична соработка.

-Втората цел е многу обична, многу едноставна. Да ги слушнеме граѓаните, дециден беше евроамбасадорот.

Како претставници на ЕУ, додаде, третата цел е да се објаснува значењето на пристапниот процес, придобивките што ги носи, но и која е улогата  на централната и локалната власт и граѓаните. (МИА)