недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Фестивал на „Џез, world и современа музика“ почнува во Велес: Погледнете ја богатата програма – ова издание е интернационално

Фестивал на „Џез, world и современа музика“ почнува во Велес: Погледнете ја богатата програма – ова издание е интернационално

Оваа година, “АРТ ГЕНЕРАТОР” со делегирана надлежност од Општина Велес е организатор на фестивалот за “Џез, World и Современа музика” по втор пат. Фестивалот е
основан и финансиран од Општината.

Фестивалот ќе трае 5 дена, а настаните се поделени од 1-ви до 13-ти септември.

-На наша голема среќа уште второто издание станува интернационално. Ќе настапуваат групи од Хрватска, Грција, со гости од Германија, Австралија и се разбира Македонија, велат организаторите.

Првата вечер на (01.09. 2023 год.) е предвидена за Jazz музика, настапуваат “ReelProblems” од Хрватска на големата сцена во театар Ј.Х.К Џинот – Велес, со почеток во 20:00
часот.

По завршувањето на концертот, на паркингот на театар Џинот – Велес ќе настапи Бојан Чакра со DJ Vinyl set кој ќе биде пропратен со видео мапинг на Борче Конзулов.

Втората вечер (02.09. 2023 год) е посветена на современата музика, настапуваат “КЕМ” и “Пијан Славеј” на големата сцена во театар Ј.Х.К Џинот – Велес, со почеток во 20:00 часот.

По завршувањето на концертите, на паркингот на театар Ј.Х.К Џинот – Велес ќе настапи Андреја Салпе со DJ set, кој ќе биде пропратен со видео мапинг на Борче Конзулов.

Третата вечер (03.09. 2023 год) е посветена на 80 годишнина од смртта на великанот на Велес, Коста Солев Рацин. Ќе има концерт на Dine Doneff: “Dine Doneff Nered music Trilogie” од Грција во три етапи.

Првиот дел ќе се одржи во спомен Костурницата во Велес, со почеток 18:00 часот.

Следните две етапи се на големата сцена во театар Ј.Х.К Џинот – Велес, со почеток во 20:00 часот.

По завршувањето на концертот, на паркингот на театар Џинот – Велес ќе настапат: “AspirinMoon” музичко дуо со слем поетри, кои ќе бидат пропратени со визуелен перформанс на театар “Сенки и Облаци”.

Четвртата вечер (06.09.2023 год) е резервирана за отворање на изложба на Фотини Потамиа и концерт на Бојан Петков – Шамба во Europe House Велес.

Последната вечер (13.09.2023 год.) Затворање на изложбата и концерт на Dine Doneff и Јордан Костов во Europe House Велес.

За целокупниот графички дизајн на фестивалот и оваа година се погрижи уметникот Филип Коруновски.

-Со организирање на овој фестивал, имаме за цел да придонесеме децентрализација и деметрополизација на културата и уметноста и пласман на квалитетни соджини и затоа сметаме дека овој фестивал е од исклучителна важност за Велес, велат организаторите.