Пожар изби нешто по 19 часот во населбата Колтук во Тетово во куќа на улицата „Вукашин Симовски“. Со оглед дека населбата е на почетокот на ридот Балтепе од целиот град можеше да се забележи големата огнена стихија, пренесува Тетово инфо.
Од тетовската територијална противпожарна единица информираа дека се уште се интевенира на гаснење на пожарот, а испратени биле четири возила.
По неколку минути големата огнена стихија се намали, а поголем дел од стариот дел на градот остана без електрична енергија.