Мечето Теди кое со години во штипската зоолошка градина живееше во несоодветни услови се сели во Белица, Бугарија.
Тој денес замина за Бугарија, каде ќе има подобри услови и ќе биде сместен во резерватот „Паркот на танцувачките мечки” во Белица.
Покрај Зоо Скопје, во процесот за преселбата на Теди учествувале и 4Paws, најдобрата светска организација за заштита на животните.
![](https://kurir.mk/wp-content/uploads/2020/11/mece-tedi-700x933.jpg)