среда, 3. јануари 2024. Вести денес: 0
home Општини

ФОТО: Митко Јанчев доби мартинка за среќа од најмладите

ФОТО: Митко Јанчев доби мартинка за среќа од најмладите

На првиот ден од месец март традиционално на раката се става мартинка. Мартинката направена од засукани бели и црвени конци се носи за среќа низ целата година. Денес во посета на Општина Кавадарци беа дечињата од детската градинка од објектот Буба Мара. Тие се сретнаа со Градоначалникот Митко Јанчев и му подарија мартинка за среќа. Детската радост ни дава енергија и мотив да работиме токму за нив, за најмалите, напиша на својот Фејсбук профил градоначалникот Јанчев.