В.Д градоначалникот на Охрид освен партиски вработувања пред локалните избори во Охрид речиси и да не е способен за нешто друго.
Дупките по улиците се на секој чекор, а Константин Георгиески ги заборави охриѓани и нивните секојдневни реални проблеми.
УМС Охрид го потсети градоначалникот дека состојбата со инфраструктурата во градот е катастрофална.
-УМС Охрид го потсетува в.д. градоначалникот Константин Георгиески на катастрофалната состојба со дупките на улиците во градот бидејќи не ги забележува и не реагира додека оди во обиколка на градежните активности во градот, стои во нивниот пост на Фејсбук.