вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

ФОТО: ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци во посета на кавадаречките села Сопот, Бегниште и Ресава по повод Василица

Претседателот на ОК КАВАДАРЦИ Зоран Јованчев во изјава за медиумите посака здравје бериќет, мир и благосостојба на сите граѓани на Кавадарци.
ФОТО: ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци во посета на кавадаречките села Сопот, Бегниште и Ресава по повод Василица

ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци  по повод празникот Василица денес беше во посета на кавадаречките села Сопот, Бегниште и Ресава. Претседателот на ОК КАВАДАРЦИ Зоран Јованчев во изјава за медиумите посака здравје бериќет, мир и благосостојба на сите граѓани на Кавадарци.

-Оваа година ја започнавме со неповолни мерки како што е покачувањето на цената на горивото и неисплатените субвенции кон лозарите. Затоа упатувам апел винарските визби во најбрз временски период да го подмират долгот кон лозрите, за да можат истите да ја стартуваат годината со подобрена финансиска состојба, рече Јованчев.

Исто така претседателот упати апел до Владата да ја исполни ветената поддршка кон лозарите, која се однесува на минатогодишните измрзнувања на лозовите насади и да ги обештети лозарите.

Инаку денеска во овие кавадарчки села  џаламарите ги бркаа лошите духови. Василичарските огнови од синоќа беа распламтени во Бегниште, Ресава и село Сопот. Таму традиционално на празникот Василица се дава најголемо внимание.

Во селата жителите беа покрај огнот, а џаламарите ги посетуваа куќите на своите соселани. Невестата беше дарувана со пари, останатите од џаламарската дружина добиваа и други подароци, храна и пијалоци. Се верува дека вревата која ја прават со клопотарци ги брка лошите духови од селото. Жителите на селата раскажуваат дека џаламарската традиција е присутна од дамнина. И најстарите жители паметат за овие обичаи, а помладите раскажуваат за василичарската традиција во селото.