сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

ФОТО: СДСМ и Константин Георгиески немаат капацитет да го решат проблемот со бездомните кучиња

ФОТО: СДСМ и Константин Георгиески немаат капацитет да го решат проблемот со бездомните кучиња

Се повеќе станува јасно дека локалната власт на СДСМ и в.д градоначалникот Константин Георгиески немаат капацитет да го решат проблемот со бездомните кучиња.

Тоа го говорат и сликите кои читатели на ОХРИД 24, денеска ги испратија до нивната редакција, а на кои се гледа чопор од бездомни кучиња како се шета по охридската чаршија.

Граѓаните се сведоци дека единствено што СДСМ и Георгиески, прават околу решавање на проблемот се само најави и ништо повеќе.

На крајот од месец февруари од ЈП „Охридски комуналец“ во реакцијата на пресот од ВМРО-ДПМНЕ Охрид, најавија дека за десет дена ќе почне со работа шинтерската служба.

Оттогаш поминаа скоро дваесет дена, а од шинтерската служба и решавање на проблемот нема ништо.