вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

ФОТО: Симболично засадени дрвца во дупките на улиците во Велес

ФОТО: Симболично засадени дрвца во дупките на улиците во Велес

Членовите на ВМРО-ДПМНЕ ОК Велес денеска со герила акција во Велес. Тие симболично засадија дрвца во дупките на улиците и на тој начин укажаа на проблемите со кои секојдневно се соочуваат граѓаните на општина Велес.

-Благодарност до градоначалникот Аце Коцевски за пополнувањето на дупките во нашиот град и за неговото инвентивно владеење во насока на максимално искористување на секој простор за подобрување на животната средина. Воедно ја крева свеста кај младите и дава пример на идните генeрации како да се грижат и како да ја разубавуваат средината во која живеат. Исто така би му се заблагодариле и на заменик-градоначалникот Ненад Коциќ кој и воедно е и претседател на еколошкото друштво “Вила Зора”, кој најверојатно го извршил ова еколошко влијание врз градоначалникот (екологот ) Аце Коцевски, велат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Велес.