сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Георгиески во Баку со поддршка на урбаната мафија и со неискрена намера за спроведување на препораките од УНЕСКО

Георгиески во Баку со поддршка на урбаната мафија и со неискрена намера за спроведување на препораките од УНЕСКО

Во пресрет на 43-та сесија на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО во Баку каде што ќе се одлучува дали Охрид ќе се стави на листата на загрозени подрачја градоначалчникот Константин Георгиески и покрај сериозноста на проблемот цело време молчеше без никаква реакција, објавува Охрид24.

После огромен број критики од јавноста, изјави, реакции на невладини оргаизации, стручни лица, политички партии, граѓани Георгиески се одважи со статус на Фејсбук преку кој го најави понужувањето на Охрид во Баку, а сакајќи да се амнестира самиот.

Кој план ќе го презентира Георгиески и кој преземени мерки за заштита и унапредување на статусот на Охрид како Светско културно наследство се запрашува целата јавност кога нема никаков слух за диворадбите за кои УНЕСКО бара нивно уривање како хотелот во Лагадин, минарето, бетонската база и сите други кои имаат прекршувања на Законот за градење.

Само Георгиески не гледа дека Охрид се соочува со несоодветна градба, несоодветно урбано развивање и експлоатација на брегот на езерото, зголемено загадување, нарушување и уништување на животната средина.

За Георгиески нема никаков проблем со нелегалното градење, особено со дивоградбите во заштитениот појас покрај Охридското Езеро. Состојбата со урабнизмот и дивоградбите е алармантна, а Георгиески не сака да признае дека пред негови очи се градеа истите тие дивоградби за кои тој воопшто не реагираше.

Локалната власт на чело со Георгиески докажа дека нема капацитет за да се справи со проблемите и несериозно ги прифати и не ги реализира забелешките на меѓународните организации, особено на УНЕСКО и воопшто не почна со примена на нови практики кои ќе овозможат заштита и одржлив развој.