Една од поважните потреби на Општина Илинден е изградба на едно централно, урбано собиралиште за граѓаните, кое покрај секојдневно поминување на време и користење на луѓето, воедно би можело да се користи и за организација на бројни културни и друг вид на манифестации на отворен простор.
Во таа насока, за да се одговори на овие потреби на граѓаните, во изборната програма на кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“ за Општина Илинден, Александар Георгиевски, предвидено изградба на нов, модерен плоштад во централниот дел на општината.
Плоштадот е проектиран како плато, кој ќе биде поплочен со гранитни плочки, со пристапни патеки, цветни алеи со високо и ниско зеленило. На самиот плоштад се предвидени многу содржини, како и повеќе забавни и детски катчиња. На новиот плоштадот ќе биде поставена и соодветна урбана опрема, во вид на клупи за седење и корпи за отпадоци.
Плоштадот ќе има мини бина која ќе се користи за културни и други манифестации.