петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Ѓорѓиевски: Непотизам и фамилијарно вработување во ЈП Стрежево

Ѓорѓиевски: Непотизам и фамилијарно вработување во ЈП Стрежево

Функционерите на СДСМ упорно си тераат партиска агенда и со Државните претпријатија се однесуваат како со личен имот вработувајки исклучиво по партиски клуч, истакна Ѓорѓи Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ Битола.

Во продолжение следува интегрален текст од неговата прес конференција:

Во случајот на ЈП „Стрежево“ „инвентивниот“ Директор Менде Граматковски оди „степен повисоко“ односно злоупотребата со вработувањата ја унапреди на повисоко ниво реализирајќи ФАМИЛИЈАРНИ вработувања и НЕПОТИЗАМ па покрај „вдомување“ на околу 30-тина партиски активисти на СДСМ почна да вработува и деца на актуелни вработени во претпријатието.

Но, да одиме по ред. Директорот Граматковски изврши злоупотреба на функцијата и го вработи својот иден зет за ќерка што е класичен пример за непотизам, а исто така го вработи и синот на Јован Дојчиновски актуелен Технички директор во Стрежево. Во Стрежево работни места добија и синот на Јован Адамовски, раководител на одделението за електроенергетика и Мартин Белокозовски кој од член на Управниот одбор сега доби работно место од Граматковски што исто така говори за огромниот конфликт на интереси и при ова вработување.

Јавно го прашуваме Директорот Граматковски дали во ЈП Стрежево покрај гореспоменатите вработи и двајца блиски роднини на високи функционери во СВР Битола и дали за нивното вработување побарал некаква противуслуга?

Од директорот Граматковски бараме лично и јавно да ги објави имињата на овие вработени и да ги каже критериумите по кои тие се примени, дали освен нив имало и други пријавени на конкурсите за вработување кои немале квалификации како избраните, а воедно ги повикуваме надлежните институции и вицепремиерот за борба против корупција Љупчо Николовски наместо да брои чаши испиена вода на министрите да му предложи на Владата разрешување на Директорот на ЈП „Стрежево“ Менде Граматковски.