Во присуство на голем број граѓани од сите етникуми на општината, синоќа во Долнени се одржа митинг на ВМРО-ДПМНЕ на кој се обрати кандидатот за градоначалник Ладо Глигороски.
Жителите на сите населени места во Долнени сакаат промени и ќе изберат нова иднина. Новите проекти од изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ ќе значат рамномерен раст и развој за целата општина. Новата иднина ќе гарантира пристоен живот за сите, и за Македонците, и за Албанците, и за Турците и за Бошњаците.
Сите сме исти и сполтено и заеднички одново ќе ја издигнеме нашата општина на здрави нозе!
На 17-ти октомври гласаме за иднина, гласаме за проекти, гласаме за промени. Гласаме за број 7, за Владо Глигороски и советничката листа предводена од Дејан Змејкоски.