сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Големиот градски пазар во Гостивар ќе биде затворен наредниве 30 денови

Големиот градски пазар во Гостивар ќе биде затворен наредниве 30 денови

Големиот градски пазар во Гостивар ќе биде затворен наредниве 30 денови, како мерка за спречување на ширење на корона вирусот. Тоа беше едно барањата на кризниот штаб по состанокот кој се одржа вчера.

Од Општина Гостивар информираат дека вчера бил остварен контакт со сопствениците на претпријатието „Прогрес пазари“’ кое управува со големиот градски пазар и е донесена заедничка одлука со која пазарот нема да работи.

– Ова е заедничка одлука на градоначалникот Арбен Таравари и на Кризниот штаб во Гостивар и во соработка со раководителите на претпријатието, се наведува во соопштението на од локалната самоуправа.

Иако мерките за заштитата од ширење на вирусот не ги опфатија отоврените пазари, гостиварските локални власти во кризниот штаб примиле повеќе поплаки и барање за затварање на пазарот, особено кога во вторник како пазарен ден имаше зголемено присуство на граѓани и продавачи.

Од Општината упатија апел со барање до граѓаните да имаат разбирање за ваквиот потег, бидејќи е во насока на спроведување на препораките за заштита од пандемијата на корона вирусот.