вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

„Градоначалникот на Кичево постапува противзаконски, тоа не смее да остане неказнето“

Од ВМРО-ДПМНЕ Кичево  ги повикуваат институциите да преземат мерки да се спречат и  казнат ваквите нелегални активности.
„Градоначалникот на Кичево постапува противзаконски, тоа не смее да остане неказнето“

Властите во Македонија продолжуват со незаконското и  насилно работење, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ Кичево.

-Во изминатава недела во Кичево се направени смени на тројца директори надвор од сите закони за кои нема никави забелешки, а имаат мандат. Ваквото незаконско работење на градоначалникот не смее да остане неказнето, велат тие.

Од ВМРО-ДПМНЕ Кичево  ги повикуваат институциите да преземат мерки да се спречат и  казнат ваквите нелегални активности.