Градоначалникот на Радовиш, Герасим Конзулов, призна дека во општината имало незаконско работење, односно дека е правен криминал.
Тој изјави дека постојат фирми кои работат без договор и со поништен тендер бидејќи нивната вредност е над 50.000 евра.
Со ова, тој самиот го призна незаконското работење во општината.
-Со Геинг договорот, за изработка на техничка документација со некоја поголема вредност од околу 4-5 милиони денари, што се случи? Геинг работеле, осносно потпишале договор, работеле на многу проекти, но ни доаѓаат од јавни набавки и ни викаат дека има направено грешка. Се што е над 50.000 евра, мора да се распишува меѓународен тендер и договорот е паднат. Грешка е направена и сакаме што е можно побрзо да ја исправиме. Ние веќе месец дена имаме изгубено, рече градоначалникот на Седница на совет на општина Радовиш.