четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Гурмански викенд утре и задутре во Вински музеј Кавадарци

Гурмански викенд утре и задутре во Вински музеј Кавадарци

Гурмански викенд ќе се реализира утре и задутре во Вински музеј Кавадарци, во организација на оваа културна установа, а во рамките на „Кавадаречко културно лето”, информираше попладнево Весела Честоева, директорка на Музејот.

-Двата дена од викендот, со почеток од 18 до 21 часот, во прекрасниот амбиент на дворот на Музејот, посетителите ќе имаат можност да дегустираат храна и пијалаци од тиквешкото поднебје. Музејот е сместен во градскиот парк во Кавадарци, кој важи за еден од најубавите во државата, па затоа најавуваме неповторливо гурманско доживување, рече Честоева.

Таа нагласи дека постојано се зголемува бројот на посетители во Музејот, што, потенцираше, полека си го зазема своето место на туристичката мапа, како презентер на културата и традицијата во најголемиот лозаровинарски регион во државата.

Настанот ќе биде збогатен со музичка програма. Во сабота со Акустико бенд и недела со DJ Buli.