Болницата во Битола личи на се, само не на здравствена установа.
Најавените реформи во здравството останаа на хартија. Во програмата на СДСМ токму болницата во Битоа е наведена како приоритет. Во истата се вели „ќе започне реконструкција и опремување, вклучително и неопходен кадар, на општите и клиничките болници низ Македонија.
Се наведува дека првата фаза ќе ги опфати Битола и Струга.
Но, фотографиите од болницата во Битола и во нејзината околина говорат дека болницата е заборавена. Условите во кои се лечат пациентите се во најмала рака очајни.
Заменик министерот за здравство Гоце Чакаровски, пак, доаѓа токму од Битола. Но, очигледно ни тој не мисли за условите во кои се лечат граѓаните од неговиот роден град.